Почетоците на МОТОЦЕНТАР се во знакот на соработката со светски реномираната фирма за протектирање на камионски гуми BANDAG. На ова се надоврзува и застапништвото на светски познатиот систем за репарација и одржување на пневматици TIP TOP, со кој што работиме од самото основање.

За успешна имплементација на овој систем, располагаме со обучен кадар, чија што стручност постојано се надградува преку учество на обуки во републикава и во странство. Во последните неколку години го проширивме опусот на работа и денес покрај репарацијата и сервисирањето на гуми, нашите активности се насочени и кон дистрибуција на сите поважни брендови на пневматици.

Од 2002 година сме ексклузивни застапници на реномираниот пневматик NOKIAN за Македонија. Довербата добиена од овој скандинавски експерт секоја година ја потврдуваме со добивање специјални сертификати и признанија за нашата работа. На ова се надоврзуваат и застапништвата за најреномираните светски брендови пневматици: