205/55 R 16 91H
- 205 - Ширина на нагазниот слој на гумата изразен во мм.
- 55 -висината на гумата процентуално со нагазниот слој во мм
- R - ознака за радијална гума
- 16 -пречник на бандажот во палци
- H - брзински индекс (210 км/час)
- 91 - тежински индекс (носивост)
- Изборот на пневматици треба да биде во согласност со првата вградба или додатната опрема на возилото.
- Секоја друга конфигурација треба да биде одобрена од професионалец - стручен во гумите, почитувајќи ги притоа сите прописи за возење.
- Нагласено се препорачува на иста осовина секогаш да се вградуваат гуми со ист профил/дезен.
- Не треба да се користи пневматик кој нема прилагоден притисок, при брзина поголема од неговиот индекс нити пак под оптеретување поголемо од индексот на носивост.
- Потребна е месечна проверка на притисокот на гумите, како и проверка пред секој подолг пат.
- Проверка на истрошеност на пневматикот и замена доколку е на граница на истрошеност.
- Контактирајте професионалец доколку:
- Имате необичен губиток на притисок
- Невообичаени или неправилни знаци на истрошеност
- Исекотини и нерамнини по гумата, изобличувања и други аномалии
- Вибрации, бука, занесување на една или друга страна при возењето
- Очигледни знаци на старење или замор на материјалот од гумите
ЧУВАЊЕ НА ГУМИТЕ
- Гумите се чуваат на сув, ладен и темен простор, заштитени од било каков допир на вода или водена пареа.
- За да гумите останат во првобитна состојба, заштитете ги од допир со нафта, нафтени деривати и бензин.
- Гумите стареат и кога не се употребуваат, затоа ослободете се од гумите доколку складирани ги чувате повеќе од 5-6 години.
- Никогаш не употребувајте половни гуми, или користени па чувани одреден временски период
Runflat или SSR- Self Supporting Run - ознака за гума која нема да се издиши иако е оштетена (механички-надворешно или внатрешно) поради појачани самоподржувачки странични ѕидови на пневнатикот. Возилото во ваков случај иако нема резервна гума може да се управува со умерена брзина 80 км/час до следниот вулканизерки сервис. |