MOTOCENTAR

Новите зимски пневматици NOKIAN WR А4 - господари на зимата

16.11.2016 10:02:35

Новите спортски пневматици Nokian WR A4 од најсеверниот произведувач на пневматици во светот, оптимално го комбинираат управувањето со високи перформанси и безбедната зимска тракција. Комбинацијата на Технологијата Functional Performance Siping и гумената смеса Performance Traction Silica резултираа со иновација која го има последниот збор во технологијата и заради која овој зимски пневматик господари со сите зимски услови карактеристични за Централно - источна Европа и наглите промени на температурата. Обезбедува апсолутно балансирано возење по снежна бура, лапавица, пороен дожд или по асфалт загреан од жешко сонце, што е мошне поволно за брзо возење. 

Инспирирана од природата, стоножната ламела вградена во средното ребро на овој пневматик е впрочем последна иновација на шампионите за развој на производи од компанијата Nokian Tyres во полето на зимска тракција. Испакнатите 3D жлебови кои потсетуваат на начинот на кој стоногалката ја совладува површината максимално ја зголемуваат тракцијата на снегот и стабилното управување.

Асортиманот на големините на овој премиум зимски пневматик за возила со високи перформанси ги покрива величините од 16 до 21 инчи со индекс за максимална брзина од H (210 km/h) до W (270 km/h). Прилагодливиот избор вклучува и величини за модерни електрични автомобили како што е Tesla Model S. Специјалните производи во овој асортиман ја користат Flat Run технологијата, а многу производи се обележени и со XL – знак за најголемиот капацитет на оптеретување на соодветната величина.

 

Во текот на минатата зима возачите во Европа можеа да уживаат во производите на пионерот во производство на зимски пневматици кои победија на тестовите:

-        Nokian WR D4 со оцената за тракција на мокра подлога во класата А и

-        Nokian Weatherproof All-Weatherм пневматик поволен за користење во текот на целата година.

Новиот пневматик Nokian WR A4 го надополнува асортиманот на зимски пневматици на компанијата Nokia Tyres кој моментално е еден од најшироките и најмодерните на пазарот за пневматици. Овој бескомпромисен зимски пневматик ја претставува новата генерација која доаѓа после Nokian WR A3 – победникот на компаративните тестови спроведени од различни автомобилски списанија. Комплетниот асортиман на овој премиум производ од оваа есен ќе биде достапен на нашиот пазар.

 

Тестирана безбедност

Подобрените својства на зимска тракција на пневматикот Nokian WR A4 на снег и лапавица е резултат на четиригодишен развој. Шарите на слојот кој гази по подлогата, како и структурата и смесата на гумите ни ја претставуваат професионалноста на Финците на полето на најсовремени технологии и се резултат на безбројните часови поминати во моделирање, планирање, лабораториско споредување и автентично тестирање во различни услови. Повеќе од половината трошоци наменети за развој на производите во компанијата Nokian Tyres се потрошени на непрекинато тестирање на нивните производи низ светот.

Својствата на безбедност на пневматикот Nokian WR A4, моменталниот шампион на променливото зимско време, оптимизирани се и тестирани во сопствениот центар за тестирање на компанијата Nokian Tyres  наречен „White Hell “ кој се наоѓа во градот Ивало, Лапонија. Оригиналните методи за истражување на степенот на пролизгување на лапавица на патеките на Nokian, го доведуваат капацитетот на пневматикот на ново ниво. Извондредните својства за влажни и суви коловози се потврдени на средноевропските патеки за тестирање во Германија и Шпанија. 

 

Безбедно и безгрижно возење

 

Пневматикот Nokian WR A4 има асиметричен дизајн на шари на слојот кој гази по подлогата што овозможува прецизно и моментално управување на лоши патишта и по лапавица. Одличното управување и супериорност во совладување на сите зимски аспекти се заснова на неколку иновации, а особено на технологијата Functional Performance Sipingкоја овозможува секое подрачје, заедно со површината која гази по подлогата и жлебовите со стилизиран дизајн на шари, да имаат своја сопствена и прецизно утврдена оптимална улога. Крутиот надворешен слој, стоножната ламела во средната зона и оптимизираните ламели по зони, кои   се исто така функционални и во внатрешниот  слој, заедно ја сочинуваат контролираната комбинација што овозможува пневматикот Nokian WR A4 да се движи безбедно и удобно.

 

Најсовремената технологија која е вградена во новиот зимски пневматик, Nokian WR A4  навистина служи на функционалноста и потребите на возачот. Управувањето е прецизно исто како и со летните пневматици по суви и влажни коловози или во прометен градски сообраќај. Во случај на снег, пневматикот задржува логична тракција дури и на големи снежни наноси и на опасна лапавица. “Сега можете целосно да се потпрете на нив дека безбедно ќе стигнете дома”, изјави менаџерот за развој на производи Оли Сепеле (Olli Seppälä) од компанијата Nokian Tyres.

 

Крутата и цврста надворешна обвивка обезбедува стабилно, контролирано управување при големи брзини. Блоковите на површината која гази по подлогата не можат да се поместуваат со зголемувањето на брзината бидејќи истите се блиско врзани еден за друг со канали за поддршка. 3D ламелите за затварање на блоковите на површината која гази по подлогата, ја подобруваат страничната крутост.  

Nokian WR A4 брзо и прецизно реагира на управувањето и одржува ниско ниво на бучава. Ова е досега најтивкиот средноевропски зимски пневматик во асортиманот на компанијата Nokian Tyres.

 

 

Максимална тракција на снег – стоножна ламела

 

Со средната област доминира цврсто издолжено ребро кое е составено од блокови на површина која гази по подлогата со испакнати жлебови кои потсетуваат на траги од стоногалка. Наредената тродимензионална стоножна ламела обезбедува максимална површина на контакт и функционира со полн ефект под различни агли на свртување, зголемување на тракција на снег и лапавица и подобрена контрола.

Тракцијата останува цврста и логична. Возачот може да го осети ограничувањето на тракцијата што овозможува брзо избегнување на препреки на патиштата кои се лизгави заради снег или лапавици. Реброто исто така има  врски на краевите на блоковите што го ограничува нивното движење.  Со тоа се намалува отпорот на триењето, што за возврат ја подобрува ефикасноста и потрошувачката на гориво и отпорноста на корозија, вели Сепеле.

Внатрешниот слој има шара на реброто која личи на лепеза, со функционални блокови на површината која гази по подлогата и остри канали кои ефикасно го спроведуваат снегот подалеку од контактните површини. Жлебовите кои се подредени под различни агли обезбедуваат ефикасна надолжна тракција и особено квалитетна тракција при забрзување на снег. Широките надолжни канали даваат странична тракција. Одличната зимска тракција уште повеќе е подобрена со шарите на блоковите на површина која гази по подлогата, обликувани на страната на внатрешниот слој на средното ребро. Тие се делумно опремени со спони и жлебови. Малите густо наредени блокови се избраздени на тој начин што нивните жлебови се наредени наизменично на лево и на десно.

 

Повеќе безбедност во зима, одлично управување

 

Страничните блокови на овој шампион во тракција имаат јака и густа ламела која е прилагодена за секој блок површина која гази директно на подлогата и се спушта од средината кон страните.

 

Прецизниот дизајн ја подобрува тракцијата на снег како и чувството за контрола при возењето во кривини и промена на лента. Блоковите на површина која гази по подлогата се исто така поддржани со моќни издигнати канали, кои ја зголемуваат крутоста и го подобруваат управувањето, вели Сепеле.

Рабовите на издолжените канали на пневматикот Nokian WR A4, лојален извршител на тркалање во секакви зимски услови, имаат канџи за снег кои ја подобруваат надолжната тракција особено на снег. Тестовите покажуваат дека пневматикот Nokian WR A4 обезбедува првокласна тракција и управување на суви и влажни патишта. Најголемото унапредување се постигнува на снег, кога тракцијата и управувањето се подобруваат за повеќе од 5% во споредба со пневматикот Nokian WR A3.

 

 

Ефикасно спречување на аквапланинг – Coanda технологија

 

Водата е исто така вообичаен елемент на патиштата низ Централна и Источна Европа. Нерамнините на патот особено го зголемуваат ризикот од аквапланинг. Новата Coanda технологија го намалува ризикот од аквапланинг. На рабовите на блоковите на површината која гази по подлогата, и тоа на надворешниот слој на пневматикот Nokian WR A4 е конструиран елемент кој овозможува ефикасно спроведување на текот на водата во попречни канали. Отстранувањето на водата и лапавицата се забрзува со полираните надолжни канали – и за прв пат со попречните полирани канали, кои исто така го забрзуваат цедењето на водата.

 

Гумена смеса Performance Traction Silica која обезбедува соодветна тракција

 

Смесата од која е направена површината која гази на подлогата е комбинација на гумена смеса од типот Nokian Hakkapeliitta, дизајнирана за студени северни зими и смеса на база на силикон кој обезбедува одлични перформанси во поблаги временски услови. Крајниот резултат е гумена смеса Performance Traction Silica, потполно нов дизајн кој содржи функционални еластомери, природна гума, силика и масло од канола и обезбедува врвна функционалност за тракција на снег и влажна подлога.

Природната гума и маслото од канола во оваа единствена смеса, која е оптимизирана за спортско возење, гарантираат дека извонредната тракција во зимски услови ќе остане непроменета дури и кога ќе дојде до промена на температурата по многу изминати километри. Лесно тркалачката шара на површинскиот слој и високотехнолошката зимска смеса може да се осетат во висока отпорност на абење и заштеда во потрошувачката на гориво. Nokian WR A4 постигнува значително низок отпор на триење, подобра економичност во потрошувачката на гориво и пониска емисија на отровни гасови во споредба со нејзините традиционални конкуренти.

 

 

Удобно и тивко возење

 

Покрај безбедноста, удобноста е уште еден важен елемент кој се чувствува во текот на возењето.

Технологијата Silent Sidewell ја зголемува удобноста во возењето. Специјално прилагодената гумена смеса помеѓу страниците и газечката површина активно ја пригушува бучавата и вибрациите кои доаѓаат од возната површина, со што спречуваат понатамошно пренесување на штетни звучни бранови кои го иритираат човечкиот слух.

Исто така е развиена посебна гумена смеса која е наменета за површината на лежиштето околу пневматикот Nokian WR A4. Тоа исто така служи за намалување на бучавата во внатрешноста на возилото и за пригушување на вибрациите на пневматикот.

 

 

Индикатор на подобра безбедност во зима и удобност во возењето

 

Добрите пневматици се предуслов за пријатно зимско возење. На газечката површина се наоѓа индикатор за безбедно возење (DSI) која го разви и патентираше компанијата Nokia Tyres со што се унапредува безбедноста во зима, кој го има и симболот на  снегулка која е индикатор за безбедно возење во зима (WSI).

Дополнителните полиња во делот на информации од страниците ја подобруваат безбедноста и удобноста. Во случај на замена на пневматици, ова поле може да се користи за да се забележи нивото на притисок во пневматиците, место за нивно вградување како и точка на затегнување на новото тркало. Правилниот притисок на пневматиците го прави управувањето прецизно, го намалува оштетувањето на пневматиците и штеди гориво.

 


Фотографии од продуктите: www.nokiantyres.com/NokianWRA4

 

Видео: https://youtu.be/XhxQRgdxWiA

 

Тестирање во екстремни услови www.nokiantyres.com/innovation/testing/

 

Тестирање во Ивало центар за тестирање -  White Hell http://youtu.be/UEGUTw7KHxE

 

World's first winter tyre with pop-out studs - www.nokiantyres.com/company/news-article/nokian-tyres-the-world-s-first-nonstudded-winter-tyre-with-studs/

 

Nokian Hakkapeliitta 8: World record for the fastest car on ice, 335.713 km/h: - www.nokiantyres.com/innovation/testing/fastest-on-ice/fastest-on-ice-2013/


Како беше произведена првата зимска гума? - www.nokiantyres.com/first-winter-tyres