MOTOCENTAR

Ексклузивно - новата Continental WinterContact TS860

14.10.2016 15:07:57

Continental ги претставува новите зимски пневматици WinterContact TS 860 на Македонскиот пазар

Оваа зима познатиот светски премиум производител на пневматици Continental на нашиот пазар ги претставува новите зимски пневматици WinterContact TS 860. создадени за компактни возила и за возила од средната класа вистински прилагодливи на сув, на влажен зимски коловоз како и на замрзнат коловоз покриен со снежна покривка.

Претходникот во генерацијата зимски пневматици ContiWinterContact TS 850 во изминативе четири години, во конкуренцијата од 47 производители се докажа како најдобар во сите тестирања спроведени од European trade press, автомобилските клубови и организации на консументи со што стана најуспешен зимски пневматик создаден од  Continental  до сега.

WinterContact TS 860 се најавува како негов ексклузивен наследник, пневматик создаден по најнова технологија, вистински прилагодлив на сув, влажен, замрзнат и снежен коловоз обезбедувајќи сигурен и постојан притисок на патот. Зимите во централна Европа се главно ладни и влажни со десет врнежливи денови во текот на еден месец во периодот од октомври до март. Со температури околу 0 степени целзиусови, тоа значи зголемен ризик од замрзнати патишта кои се многу чест причинител за сообраќајни несреќи. Затоа спецификациите на новите WinterContact TS 860 се фокусираат да обезбедат максимална безбедност особено на влажни и замрзнати коловози.

Новите зимски пневматици WinterContact TS 860 се наменети за употреба во Централна и Западна Европа. Кај нас ќе бидат достапни за продажба од оваа есен, со триесет и шест артикли во дваесет и една величина со дијаметар од четиринаесет до седумнаесет инчи, и со најава за дополнителни  дваесетина модели кои е планирано да влезат во производство во текот на 2017 година.

Со лансирањето на WinterContact TS 860, Continental лансира нов зимски специјалист за компактни возила и за возила од средната класа. Во поглед на безбедноста новите пневматици носат вистински прогрес:

  • нивните перформанси за време на сопирање на влажни зимски патишта  се за дури 5 % подобри од нивниот претходник ContiWinterContact TS 850;
  • растојанијата на сопирање се за 4% пократки на мраз;
  • има значителни подобрувања на квалитетот на управување и возење во услови на снег;
  • километражата и отпорот на триењето се рамо до рамо со успешниот претходник.

EU Tire Label ги оценува новите пневматици на Continental со рејтинг C за отпорот на триење и со рејтинг B за справувањето со влажни патишта. Што значи дека од следната есен, овие зимски гуми за компактни возила и за возила од средната класа постепено ќе ги заменуваат исклучително успешните ContiWinterContact TS 850.

Во рамки на глобалната ситуација на пазарот за производство на компактни и возила од средна класа Continental гледа добра иднина за своите нови зимски пневматици. Имено додека побарувачката за 14-инчни пневматици опаѓа, а европскиот пазар за 15-инчни достигна до околу 20 милиони единици, Continental очекува зголемување на побарувачката за 16 и 17 инчни пневматици во текот на следните неколку години.

Continental AG

Continental развива интелигентни технологии за транспорт на луѓе и добра. Како професионален партнер од доверба, овој меѓународен автомобилски добавувач, производител на гуми и индустриски партнер обезбедува одржливи, безбедни, удобни, и достапни решенија. Во 2014 година корпорацијата оствари продажба од приближно  €34.5 билиони во своите пет дивизии Tires, Chassis & Safety, Interior, Powertrain, and ContiTech. Continental вработува 208,000 луѓе во 53 земји. 

www.continental-corporation.de

 

Tire Division

Tire Division моментално има 24 локации за производство и развој низ целиот свет. Постојаното инвестирање во оваа дивизија дава особен придонес во развојот на штедлива, ефективна и еколошки ефикасна мобилност. Како еден од предводниците во светското производство на пневматици со повеќе од  47,000 вработени оваа дивизија достигна продажба од €9.8 милијарди во 2014 година. 

www.continental-reifen.de

 

Passenger and Light Truck Tires

Continental е еден од водечките производители на пневматици за патнички и лесни возила во Европа и четвртиот најголем оригинален производител на патнички пневматици во светот. Развојот на продукти е фокусиран кон подобрување на сите безбедносни карактеристики со симултано намалување на отпорот на триењето.