MOTOCENTAR

ALTIMAX A/S 365 - Супериорни перформанси за сите сезони

30.09.2016 14:12:10

Супериорни перформанси за сите сезони

Светски познатиот бренд General Tire ви ја претставува својата најнова гума за сите сезони. Возете безбедно во зима и лето без да се грижите за временските услови:

 

  • ✓ Одлична тракција и подобрено растојание на кочење на суво
  • ✓ Заштита од појава на аквапланинг
  • ✓ Стабилно управување на снег

 

Новата ALTIMAX A/S 365 e eдна од ретките гуми во својата класа која има 3PMSF ( three-peak-mountain with snowflake) сертификат и ознака за тестирани и потврдени одлични перформанси во најекстремните зимски услови (снег, мраз и лизгави коловози).

 

Одлична тракција и подобрено растојание на кочење на суво

Цврстите симетрично распределени блокови на гумата со лонгитудинална поставеност овозможуваат подобрена сила на влечење во било која насока на движење. Истовремено го намалуваат и растојанието на кочење на сувите патишта.

 

Заштита од појава на аквапланинг

Широките странични бразди помеѓу блоковите ефективно ја распределуваат водата од целата гума. Резултатот е стабилно управување на влажни патишта и превенција од појава на водено лизгање.

 

Стабилно управување на снег

Блоковите и браздите поставени во средината на гумата со своите многубројни рапави краеви ја прават гумата екстремно флексибилна. Ова допринесува до одличен зафат на површината во услови на снег, мраз и лизгави коловози.