MOTOCENTAR

Тројца среќни фанови ќе патуваат на трка со ИЏЕ во Имола, ИТАЛИЈА

16.09.2016 10:12:30

Мотоцентар ве носи на трката на Игор Стефановски – Иџе во Имола Италија во недела на 02.10.2016. Почуствувајте ја вистинската трка во живо и бодрете го нашиот македонски и европски шампион.

Мотоцентар подарува 3 пакет аранжмани за патување до Италија во периодот од 29ти септември – 03ти октомври 2016, со вклучен автобуски превоз и сместување + 3 карти за трката на автодромот Enco i Dino Ferrari во Имола.

Повеќе информации за патувањето можете да најдете подолу.

 

Се што треба да направите е да:

  • ја лајкнете нашата Facebook страна @Motocentar.mk
  • да го лајкнете и споделите постот
  • во коментар на постот да напишете порака до Иџе – поздравете го или посакајте му среќа на трката

 

Трите пораки со најмногу лајкови ќе бидат добитниците на патувањето до Италија.

Среќните добитници ќе бидат објавени на 26 септември 2016 на нашата Facebook страна, и дополнително ќе бидат контактирани со директна порака.

 

Општи услови за патувањето:

  1. Добитниците мора да се на возраст над 18 години
  2. Добитниците мораат да имаат валидна патна исправа
  3. Доколку одбраните лица ни ги исполнуваат условите ќе се направи дополнителен избор.

 

Лајкнете не и следете не! Среќно!

Мотоцентар – Прв избор за гуми

 

Информации за патувањето СКОПЈЕ -  ФАЕНЗА - ИМОЛА - СКОПЈЕ

 

1 ден, (29.09.2016 – четврток), СКОПЈЕ-ФАЕНЗА Тргнување на групата во 17.30 часот од пред хотел „Вип“. Патуваме преку Табановце и дневно и ноќно возење низ Србија, Хрватска и Словенија со попатни паузи за одмор и царински формалности.

2 ден, (30.09.2016-петок), ФАЕНЗА Пристигнување во Фаенза во пладневните часови. Сместување во хотел. Слободно време за одмор и индивидуални активности. Ноќевање.

3 ден, (01.10.2016 – сабота), ФАЕНЗА Појадок. По појадокот можност за факултативна посета на Римини и Сан Марино. Попладнето враќање во Фаенза. Вечерта можност за факултативна посета на национален ресторан. Ноќевање.

4 ден, (02.10.2016 – недела), Појадок. После појадокот, одјавување од хотелот и упатување на групата кон автодромот Enco i Dino Ferrari во Имола. Пратење на трката и бодрење на нашиот шампион Игор Стефановски – Иџе. По завршување на трката, слободно време за индивидуални прошетки низ Имола. Во попладневните часови заминување за Скопје.

5 ден, (03.10.2016 – понеделник), Пристигнување во Скопје во утринските часови.