MOTOCENTAR

Новата серија пневматици P Zero – ексклузивно во продажната мрежа на МОТОЦЕНТАР

13.06.2016 07:12:11

PIRELLI, светски познатиот производител на пневматици во Есторил (Португалија), на 5-ти април  ја лансираше својата најнова серија на P Zero.

Единаесеттиот член на P Zero семејството пневматици се одликува со извонредни перформанси, максимална безбедност и стабилност на патот дури и при големи брзини, помала бучава, намален отпор при возењето како и подобрени перформанси во услови на влажен коловоз. Овие карактеристики го прават P Zero најнапреден и со најдобра технологија на денешницата.

 

Брендот е создаден во 1986 година за потребите на Ланчиа Делта S4 автомобилите, а веќе следната година започнува неговото користење во стандардната опрема на Ферари F40 возилата.

Уште еднаш, Pirelli се потпира на “Zero” технологијата со цел да се  истакне нивното лидерство  во светот на производство на пневматици и да го потенцира присуството во премиум категоријата. Целта на ова е да се обележи 30 годишнината од првото појавување на P Zero. Pirelli ја лансира последната верзија на гуми која што веќе станува историја во последните неколку децении заедно со сите нивни варијанти почнувајќи од P Zero системот на Rosso, Nero, Corsa како и самото P Zero, кој беше воведен во 2007 година. Целта е да се задоволи растечката побарувачка за подобри перформанси, сигурност и безбедност и да се зајакне Perfect Fit стратегијата на Pirelli, која подразбира гуми по мерка за секој вид на возило.

Новите P Zero во моментот се најдобри гуми на пазарот, а исто така се и најсигурни кога се работи за справување со екстремната моќ на модерните супер автомобили. Ова е благодарение на новиот подслој кој што се наоѓа во гумите и со тоа се подобрува управувањето како и отпорот при тркалање, а соединението од иновативни полимери со напредни механички својства се користи за да се оптимизира ефикасноста на влажни и суви патишта. Иновативната шара со подлабоки жлебови се користи за да се исфрли вишокот на вода.

Технологијата F1 Bead во новите P Zero е превземена директно од формула 1 и преку користењето особено цврст материјал во изработката на лежиштето, се овозможува побрзо и попрецизно управување и се отстранува можноста за било каква неочекувана загуба на контролата при возењето во свиоци. Ова е карактеристика која го одвојува P Zero од неговите конкуренти на пазарот.

P Zero поставува и нови стандарди кога се работи за издржливост, не само на гумите туку и на перформансите во текот на целиот век на траење.

Специфичниот дизајн на шарата на гумите е направен на начин на кој бучавата се намалува и многу помалку се слуша во внатрешноста на автомобилот, а со тоа се зголемува удобноста за време на возењето.

Комбинацијата од новите техники на моделирање, заедно со намалување на тежината на гумите и воведување на материјали кои што се богати со силикон (повеќе од 80%) доведува до намалување на отпорот при тркалање (15%), а со тоа и намалување на потрошувачката на гориво.

Pirelli гумите се дел од опремата на секое второ престижно возило низ светот. Возилата кои се сон на секој човек, како што се „Lamborghini Centenario“, „Ferrari GTC4 Lusso“, „Mercedes GT AMG“ и „Porsche Boxter“ се фабрички опремени со новите P Zero гуми.

Новите P Zero ќе се лансираат на нашиот пазар со портфолио од 60 хомологации.

Со историја која што се пишува веќе 30 години, квалитет кој што е во чекор со најголемите достигнувања во автомобилската технологија, перфомансите, задоволството во возењето, безбедноста и возбудата што се добива при возење е само рана индикација за тоа што ќе се случува во иднина со Pirelli гумите.