MOTOCENTAR

Игор "Иџе" Стефановски e дипломиран економист и професионален рели возач. Претходните две сезони, беше неприкосновен на европските ридски патеки, со 18 победи на 27 настапи, вкупно 24 подиуми и 2 титули, како и рекорди на секоја престижна патека на која што се појави.

На 60 трки во Македонија, Иџе има:

- 37 победи

- 47 подиуми и

- 8 титули во сите конкуренции во кои што настапувал.

Во ЦЕЗ купот има 13 трки, 5 победи, 12 подиуми и два пати беше вицепрвак.

Во ФИА Купот на безбедност има 11 трки, 8 победи, 10 подиуми и 2 титули.

 

 

Награди што ги освојувал низ кариерата:

- Двоен европски шампион на ридски патеки 2014/2015

- Најдобар спортист на Република Македонија за 2014

- Спортски сојуз на град Скопје - "Најдобар спортист за 2014"

- Личност на годината според многу аудио-визуелни и печатени медиуми

- 13то Ноемвриска награда на град Скопје - 2015

- Најуспешен спортист на град Скопје - 2015

- 2 освоени златни кациги на Македонскиот тркачки шампионат

 

 

Во моментот, Игор Стефановски интензивно работи на неговиот караван - Шампионот обединува насмевка, живот, едукација со цел - поголема безбедност во сообраќајот. Тој е повеќекратен крводарител и редовен учесник на хуманитарни акции. Многуте општествени и хуманитарни награди, најдобро го потврдуваат неговиот карактер.

Семејните, работните и спортските обврски не го спречуваат со голем ентузијазам да ги едуцира младите и надежни автомобилисти во неговата специјализирана школа.

По урнек на големите и успешни светски екипи, од 2015-та година постои „Возачката Академија Стефановски“.  Целта на постоењето на оваа академија, е доближување на авто трките до младата популација и изнаоѓање на вистинските таленти, што во иднина треба да ја претставуваат нашата земја во европски и светски рамки.