MOTOCENTAR

Гаранција за Задоволство од Nokian Tyres

04.07.2017 09:47:53

Nokian Tyres се родени, одгледани и тестирани во екстремните услови на Северот. Нудат најдобри перформанси и во најекстремните услови. Жестоката и разнолика природа на Финска нуди одлични услови за развој на гуми. Во нивните тест-центри во Ивало и во Нокија, ги симулираат екстремните и разновидните услови за возење во сите годишни времиња. Покрај тоа што имамаат модерна опрема и прецизни инструменти за тестирање, согледувањата на нивните искусни тест-возачи се дополнителна гаранција дека создаваат пионерски производи. Ако клиентот од некои причини не е задоволен од новиот комплет производи на Nokian Tyres, може да го смени за нов комплет гуми. Услови и ограничувања за ветувањето на Nokian Tyres дека ќе бидат задоволни клиентите: » Враќањето мора да биде во период од 14 дена од датумот на купување. » Се бара оригинален доказ за купувањето. » Клиентот мора да го пополни образецот за враќање заедно со продавачот на гуми. » Ветувањето на Nokian Tyres дека ќе бидат задоволни клиентите е валидно само за комплет од четири гуми од ист модел, купени и монтирани истовремено. » Бројот осум (8) мора да е целосно видлив во системот на Индикаторот за безбедност при возењето (ИБВ) на сите гуми.» Заменскиот комплет гуми што го избрал клиентот мора да има иста големина како вратениот или да е за истиот автомобил и фелна. » Заменскиот комплет гуми што го избрал клиентот мора да е за истата сезона (лето/лето, зима/зима). » Ако заменскиот комплет гуми што го избрал клиентот е поскап од оригиналот, тој/таа мора да го плати дополнителниот трошок. » Ако заменскиот комплет гуми што го избрал клиентот е поевтин од оригиналот, ќе му/и биде вратена разликата. » Монтирањето и балансирањето се бесплатни.» Ветувањето на Nokian Tyres дека ќе бидат задоволни клиентите важи само за гумите купени од продавачите на мало на Nokian Tyres што учествуваат во програмата. » Гумите мора да му се врати на продавачот од кој биле купени.» Правилата се предмет на измена без известување. » Ве молиме, посетете го www.nokiantyres.com за најновата ревизија.

General Tire лансираше пневматици наменети за асфалтот, но и за надвор од него

02.05.2017 15:38:47

Американскиот бренд кој има долгогодишно искуство со правење на пневматици наменети за off-road возење веќе долго време е под капата на Continental, а тие неодамна и во Македонија преку својот застапник – Мотоцентар – ги презентираа своите најнови продукти – Grabber X3 и Grabber AT3.     Брендот за производство на пневматици General Tire ја продолжува својата производна офанзива со претставувањето на двата нови видови SUV пневматици за коловозно и теренско возење. Новите пневматици Grabber X3 за возење на тежок терен и новите пневматици Grabber AT3 за коловозно и теренско возење се додадени во портфолиото на брендот. Oбата модели имаат робусни карактеристики и голема зафатнина што ги прави повеќе од погодни за нивната намена. Инженерите за развој во компанијата General Tire на пневматиците Grabber X3 им дадоа сооднос помеѓу коловозно и теренско возење од 20/80 проценти, додека на пневматиците Grabber AT3 соодносот е 50/50. Со овие два нови вида пневматици, General Tire – брендот со богата традиција и американско наследство, нуди нови решенија во своето поле на експертиза – сенаменски пневматици за ентузијасти за теренско возење, како и за професионалци во сферата на градежништвото, земјоделството и шумарството кои очекуваат максимална мобилност дури и при најтешки услови на патот. Grabber X3 пневматиците ќе бидат достапни во 19 димензии за бандажи од 15 до 19 инчи, додека новите Grabber AT3 пневматици ќе бидат достапни во 64 големини за бандажи од 15 до 20 инчи.   НОВИТЕ ПНЕВМАТИЦИ GRABBER X3     Со новите пневматици Grabber X3, американскиот бренд за производство на пневматици има развиено SUV / модел за секакви терени за коловозно и теренско возење. Сепак акцентот е јасно ставен на теренското возење со сооднос од 80/20. Инженерите за развој при General Tire развија три нови технологии во желбата да ја исполнат специфичната побарувачка на пазарот: “Extreme Mud (X Mud)” за максимална тракција при длабока кал, “Extreme Dirt (X Dirt)” за возење на прашина и песок, и “Extreme Rock (X Rock)” за справување со карпест терен. Сите три се потпираат на шара со длабоки бразди, канали за истекување на калта и скалести рабови. Специфичниот дизајн е она што ги прави овие пневматици да имаат високо ниво на контрола врз песок, кал и прав. Заоблените скалести рабови, пошироките бразди и потесните жлебови на шарите помагаат да се отфрлат камчињата побргу доколку се патува на песок, да се спречи нивното заглавување во браздите и можноста тие да ја дупнат или засечат гумата.   Кога се вози на карпест терен, цврстите рабови наместени под различни агли во робусната шара овозможуваат максимална контрола во секоја насока. Парот свиткани ребра од страните на пневматикот служат за заштита на страните од оштетувања од камења и песок, и со самото тоа се обезбедуваат супер – перформанси дури и при тешки терени. Во однос на изградбата, инженерите за развој при General Tire се одлучија за структура од три слоја која обезбедува дополнителна јачина и отпорност на пункција. Во споредба со неговиот претходник, ефикасноста на овој пневматик на песок и чакал е подобрена за 5 проценти, додека ефикасноста на перформансите на карпест терен е подобрена за десет проценти. Во услови на коловозна употреба новите Grabber X3 се за неколку процентни поени подобри од својот претходник во однос на ефикасност при влажна подлога и бучава, додека на снежна подлога овој пневматик за сите сезони и теренско возење, покажува подобрување од десет проценти.   Grabber X3 е во фаза на процесирање и е веќе достапна во многу големини со кои располагаат дилерите на гуми и General Tire, кои ќе произведат 19 различни големини за 15 до 19-инчни бандажи. Сите големини на овој теренски специјалист се одобрени за брзини до 160 км / ч.   НОВИТЕ ПНЕВМАТИЦИ AT3   За новите пневматици Grabber AT3 инженерите при General Tire истотака развија не помалку од три нови технологии кои ги изразуваат нивните најнови достигнувања за силна потпора при коловозно и теренско возење, подобрени акустични перформанси и висока километража. “TracGen” технологијата, на пример, вклучува отворен дизајн на рамото, влечни гребени кои програмерите ги нарекуваат “влечни џебови”, и каналчиња наредени во различни агли. Оваа комбинација на карактеристики на дизајнот го зголемува својството за само-чистење на шарите, овозможува сигурност на несигурни површини и обезбедува голем број на рабови да бидат сигурни во секоја насока. Втората технологија од таканаречената торба со трикови на инженерите се нарекува “DuraGen” и е задолжена да ја зголеми километражата на тежок терен и под силна торзија – на пр. кога страничната носивост оптеретува само еден дел од шарата на пневматикот.   Ова значеше развој на ново соединение на гума, кое обезбедува одличен чип и намалување на отпорот. Покрај тоа, камените браници ја заштитуваат базата на шарите, осигурувајќи се дека нема да се заглават камчиња во шарата кои можат да ги оштетат гумите. Исклучително силните челични појаси му помагаат на пневматикот да овозможи поголема километража. Третата технологија, позната како “ComfortBalance” го покажува успехот на инженерите во надминување на конфликтот на интереси при комфорно возењето на асфалт и добар теренски зафат. Избалансираната блок геометрија на шарите со ниско ниво на јачина и специјално модифицирани шеми на подреденост на блоковите во центарот на шарата, ги намалуваат вибрациите на гумата што придонесува до покомотно возење на коловозот при тоа оставајќи еднаква трага на патот.   На мокар и сув асфалт, перформансите на новите пневматици Grabber AT3 се исти како и на неговиот претходник, додека тракцијата на снег е значително подобрена. За употреба при теренско возење, перформансите на кал и влажна трева се подобрени и сега овој пневматик покажува поголем отпор при оштетување на шарата од неговиот претходник. General Tire произведува 44 метрички димензии за бандажи од 15 до 20 инчи, со дополнителни 20 LT и C големини кои се најавени во текот на 2017 година Овие гуми се одобрени за брзини до 240 км / ч. Како гума за секоја сезона Grabber AT3 носи M + S знак и симбол на снегулка како доказ за нејзините одлични перформанси на патишта покриени со снег.  

Нови Пневматици PremiumContact 6 – безбедни и удобни пневматици со спортски карактер

02.05.2017 15:07:34

Новите пневматици PremiumContact 6 се успешна комбинација на безбедност, удобност, спортски дух и одржливост. “Безбедност без компромис” е пристапот на Continental за иднината. Добар баланс помеѓу ракување, удобност, отпор при движење и километража на највисоко ниво.     Марибор, април 2017 година. Со новите PremiumContact 6 пневматици, создавачите на пневматици од Континентал успеаа во тоа да го спојат удобното со спортското. Ова значеше доаѓање до нови решенија за максимална безбедност, висока удобност при возењето и уникатен дизајн на шарата за супериорно управување. "Главниот услов на новите PremiumContact 6 е да достават бескомпромисна безбедност", вели д-р Буркард Вајс, раководител на линијата за развој на пневматици ЕМЕА / Америка OE и Промена во Континентал. "Создавањето на пневматик кој е толку избалансиран што може да го задоволи овој предизвик, а кој во исто време нуди и максимална удобност и прецизност, динамично возење, како и голема километража и низок отпор на движење беше голем предизвик и огромен мотиватор”.   Како и неговите претходници, ContiSportContact 5 и ContiPremiumContact 5, новиот PremiumContact 6 пневматик нуди врвни перформанси на сопирање, особено на влажни коловози. Многуте експерти во Континентал во Хановер развија решенија кои овозможуваат значителен напредок и во другите параметри на пневматиците, без да се намали високата безбедност на пневматиците. Иновациите вклучуваат ново синтетичко соединение на аморфен силициум, за подобрување на сопирањето на кратки растојанија на влажни коловози во сите сегменти на возилото. На етикетата на ЕУ за пневматици, новите PremiumContact 6 го имаат достигнато врвниот "А" рејтинг за управување на влажни коловози.   Хемичарите и инженерите во Континентал, исто така, имаат поставено нова основа за постигнување на забележително подобрување во километражата, отпорноста при сопирање и удобноста. Решението беше да се направи комбинација од полимер отпорен на абразија и еластична шара на текстурата на пневматикот. Како резултат на тоа, новите PremiumContact 6 забележуваат подобрување од 15 проценти во километражата споредено со неговиот претходник, а во исто време бучавата во ентериерот и екстериерот од пневматиците е намалена за околу десет проценти.     Заедно со високите стандарди во однос на безбедноста и удобноста, уште еден клучен фактор беше овозможување на спортско управување во сите модели на автомобили. За таа цел, создавачите на пневматиците го усвоија “Shoulder design” на високо-технолошкиот пневматик  SportContact 6 во комбинација со асиметрична геометрија. Овој "напреден макро-блок дизајн" имплементира долги блокови кои меѓусебно се поддржуваат, обезбедувајќи дополнителен контакт со коловозот. Резултантната комплексна блок структура во рамото на пневматикот е способна многу ефективно да пренесе дури и екстремно високи сили, како оние кои се генерирани во свиоците. Асиметричната структура во шарата обезбедува слично ниво на перформанси во пренесување на силата во страничните насоки. Ова им дава на PremiumContact 6 пневматиците својства на ракување кои се за 3% подобри од оние на ContiSportContact 5.   Со новите PremiumContact 6, Континентал развија пневматик кој има подобри перформанси од неговите претходници во безбедност, удобност и управување, како и во параметри релевантни за околината како што се подобрена километража и отпор при движење. Достапниот асортиман вклучува пневматици за модели на автомобили од средна класа па до SUV сегментот.  

Новaта MICHELIN Pilot Sport4 S Вистинска страст. Исклучително возење

24.03.2017 15:07:06

Новата Michelin Pilot Sport 4 е со ултра-повисоки перформанси кои ја заменија Michelin Pilot Super Sport. Дизајнирана за спортски возила и високо опремени салони, Michelin Pilot Sport4 нуди неспоредливо возачко задоволство благодарение на исклучителната возачка прецизност и стабилност. Одредува максимални перформанси и сигурност на сите површини и овозможува контролира на патот во сите ситуации, дури и вo најопасните.   MICHELIN Pilot Sport4 S прикажува одлични перформанcи на кочење, било на сува или влажна површина, благодарение на Bi-Compound Technology. За надворешниот дел на гумата е употребена нова хибридна компонента која што oвозможува контрола на сува површина односно суво тло, додека пак за дел е употребена компонента oд силокон со функционални еластомери кои овозможуваат гумата да одржи постојана контрола на влажни површини. Тоа целосно ја преставуваат идејата на Michelin Total Performance, која нуди постојан напредок и постојано усовршување на карактеристиките на гумата, согласно со технолошкиот развој.     Водечко независно тестирање MICHELIN Pilot Sport4 S е резултат на единствената страст и ги редефинира стандардите на оваа категорија. Адаптирана за возење на највисоките нивоа, се има позиционирано на прво место на класата. Во тестовите извршени од независна организација TUV SUD во Германија, MICHELIN Pilot Sport4 S ги надмина сите 5 врвни конкуренти во таа област. Суво кочење MICHELIN Pilot Sport4 превзема 33.66м да закочи од 100км на комплетен финиш, а додека другите конкуренти отприлика за метар повеќе (+0.83m) Влажно кочење На влажна површина од 27.73 м доволно е на MICHELIN Pilot Sport 4 S да закочи од 80km/h na 0. Ова покажува уште еднаш дела 2,5м (+2,41м) е пониско од најлошиот изведувач. Времетраење на еден круг. На 2.6 км кружење, MICHELIN Pilot Sport4 докажа дека во времетраење од 0.4с и 1.39с е побрза во однос на еден круг. Скоро е втор по брзина на овие релативно кратки растојанија. Едена секунда можеби е безначајна но возечкото искуство е комплетно поинакво. Истрајност  Според тестовите направени од Dekra Test Center демонстрирано е дека MICHELIN Pilot Sport 4 има најдобра истрајност во класата. Страст на пат и на површина Michelin е инволвиран во неколку спортски дисциплини во светот и се користи за развој на идните технологии на гумите. Податоците добиени во текот на трките им овозможуваат на инжењерите на Michelin да ги потврдат своите претпоставки. MICHELIN Pilot Sport4 S, која е пласирана на прво место како спортска гума користи конструктивни методи и материјали за развој на конкуренција како што е FIA World Endurance Championship (WEC) и нивниот настан 24 Hours of Le Mans, Formula E and the World Rally Championship. Карактеристичниот дизајн на движење на гумата била развиена со понатамошни успеси употребени во Formula F, која е меѓу првите 18-инчни гуми употребувани на отворените трки.   45 SERIES 19" 225/45 ZR 19 (96Y) ZR PILOT SPORT4S 20" 235/45 ZR 20 (100Y) ZR PILOT SPORT4S 255/45 ZR 20 (105Y) ZR PILOT SPORT4S   40 SERIES 19" 225/40 ZR 19 (93Y) ZR PILOT SPORT4S 235/40 ZR 19 (96Y) ZR PILOT SPORT4S 20" 245/40 ZR 20 (99Y) ZR PILOT SPORT4S 255/40 ZR 20 (101Y) ZR PILOT SPORT4S   35 SERIES 19" 225/35 ZR 19 (88Y) ZR PILOT SPORT4S 235/35 ZR 19 (91Y) ZR PILOT SPORT4S 245/35 ZR 19 (93Y) ZR PILOT SPORT4S 255/35 ZR 19 (96Y) ZR PILOT SPORT4S 265/35 ZR 19 (98Y) ZR PILOT SPORT4S 275/35 ZR 19 (100Y) ZR PILOT SPORT4S 285/35 ZR 19 (103Y) ZR PILOT SPORT4S 20" 235/35 ZR 20 (92Y) ZR PILOT SPORT4S   245/35 ZR 20 (95Y) ZR PILOT SPORT4S 255/35 ZR 20 (97Y) ZR PILOT SPORT4S 265/35 ZR 20 (99Y) ZR PILOT SPORT4S 275/35 ZR 20 (102Y) ZR PILOT SPORT4S 285/35 ZR 20 (104Y) ZR PILOT SPORT4S   30 SERIES 19" 245/30 ZR 19 (89Y) ZR PILOT SPORT4S 255/30 ZR 19 (91Y) ZR PILOT SPORT4S 265/30 ZR 19 (93Y) ZR PILOT SPORT4S 275/30 ZR 19 (96Y) ZR PILOT SPORT4S 295/30 ZR 19 (100Y) ZR PILOT SPORT4S 305/30 ZR 19 (102Y) ZR PILOT SPORT4S 325/30 ZR 19 (105Y) ZR PILOT SPORT4S 20" 245/30 ZR 20 (90Y) ZR PILOT SPORT4S 265/30 ZR 20 (94Y) ZR PILOT SPORT4S 275/30 ZR 20 (97Y) ZR PILOT SPORT4S 285/30 ZR 20 (99Y) ZR PILOT SPORT4S 295/30 ZR 20 (101Y) ZR PILOT SPORT4S 305/30 ZR 20 (103Y) ZR PILOT SPORT4S 345/30 ZR 20 (106Y) ZR PILOT SPORT4S 

Новите зимски пневматици NOKIAN WR А4 - господари на зимата

16.11.2016 10:02:35

Новите спортски пневматици Nokian WR A4 од најсеверниот произведувач на пневматици во светот, оптимално го комбинираат управувањето со високи перформанси и безбедната зимска тракција. Комбинацијата на Технологијата Functional Performance Siping и гумената смеса Performance Traction Silica резултираа со иновација која го има последниот збор во технологијата и заради која овој зимски пневматик господари со сите зимски услови карактеристични за Централно - источна Европа и наглите промени на температурата. Обезбедува апсолутно балансирано возење по снежна бура, лапавица, пороен дожд или по асфалт загреан од жешко сонце, што е мошне поволно за брзо возење.  Инспирирана од природата, стоножната ламела вградена во средното ребро на овој пневматик е впрочем последна иновација на шампионите за развој на производи од компанијата Nokian Tyres во полето на зимска тракција. Испакнатите 3D жлебови кои потсетуваат на начинот на кој стоногалката ја совладува површината максимално ја зголемуваат тракцијата на снегот и стабилното управување. Асортиманот на големините на овој премиум зимски пневматик за возила со високи перформанси ги покрива величините од 16 до 21 инчи со индекс за максимална брзина од H (210 km/h) до W (270 km/h). Прилагодливиот избор вклучува и величини за модерни електрични автомобили како што е Tesla Model S. Специјалните производи во овој асортиман ја користат Flat Run технологијата, а многу производи се обележени и со XL – знак за најголемиот капацитет на оптеретување на соодветната величина.   Во текот на минатата зима возачите во Европа можеа да уживаат во производите на пионерот во производство на зимски пневматици кои победија на тестовите: -        Nokian WR D4 со оцената за тракција на мокра подлога во класата А и -        Nokian Weatherproof All-Weatherм пневматик поволен за користење во текот на целата година. Новиот пневматик Nokian WR A4 го надополнува асортиманот на зимски пневматици на компанијата Nokia Tyres кој моментално е еден од најшироките и најмодерните на пазарот за пневматици. Овој бескомпромисен зимски пневматик ја претставува новата генерација која доаѓа после Nokian WR A3 – победникот на компаративните тестови спроведени од различни автомобилски списанија. Комплетниот асортиман на овој премиум производ од оваа есен ќе биде достапен на нашиот пазар.   Тестирана безбедност Подобрените својства на зимска тракција на пневматикот Nokian WR A4 на снег и лапавица е резултат на четиригодишен развој. Шарите на слојот кој гази по подлогата, како и структурата и смесата на гумите ни ја претставуваат професионалноста на Финците на полето на најсовремени технологии и се резултат на безбројните часови поминати во моделирање, планирање, лабораториско споредување и автентично тестирање во различни услови. Повеќе од половината трошоци наменети за развој на производите во компанијата Nokian Tyres се потрошени на непрекинато тестирање на нивните производи низ светот. Својствата на безбедност на пневматикот Nokian WR A4, моменталниот шампион на променливото зимско време, оптимизирани се и тестирани во сопствениот центар за тестирање на компанијата Nokian Tyres  наречен „White Hell “ кој се наоѓа во градот Ивало, Лапонија. Оригиналните методи за истражување на степенот на пролизгување на лапавица на патеките на Nokian, го доведуваат капацитетот на пневматикот на ново ниво. Извондредните својства за влажни и суви коловози се потврдени на средноевропските патеки за тестирање во Германија и Шпанија.    Безбедно и безгрижно возење   Пневматикот Nokian WR A4 има асиметричен дизајн на шари на слојот кој гази по подлогата што овозможува прецизно и моментално управување на лоши патишта и по лапавица. Одличното управување и супериорност во совладување на сите зимски аспекти се заснова на неколку иновации, а особено на технологијата Functional Performance Sipingкоја овозможува секое подрачје, заедно со површината која гази по подлогата и жлебовите со стилизиран дизајн на шари, да имаат своја сопствена и прецизно утврдена оптимална улога. Крутиот надворешен слој, стоножната ламела во средната зона и оптимизираните ламели по зони, кои   се исто така функционални и во внатрешниот  слој, заедно ја сочинуваат контролираната комбинација што овозможува пневматикот Nokian WR A4 да се движи безбедно и удобно.   Најсовремената технологија која е вградена во новиот зимски пневматик, Nokian WR A4  навистина служи на функционалноста и потребите на возачот. Управувањето е прецизно исто како и со летните пневматици по суви и влажни коловози или во прометен градски сообраќај. Во случај на снег, пневматикот задржува логична тракција дури и на големи снежни наноси и на опасна лапавица. “Сега можете целосно да се потпрете на нив дека безбедно ќе стигнете дома”, изјави менаџерот за развој на производи Оли Сепеле (Olli Seppälä) од компанијата Nokian Tyres.   Крутата и цврста надворешна обвивка обезбедува стабилно, контролирано управување при големи брзини. Блоковите на површината која гази по подлогата не можат да се поместуваат со зголемувањето на брзината бидејќи истите се блиско врзани еден за друг со канали за поддршка. 3D ламелите за затварање на блоковите на површината која гази по подлогата, ја подобруваат страничната крутост.   Nokian WR A4 брзо и прецизно реагира на управувањето и одржува ниско ниво на бучава. Ова е досега најтивкиот средноевропски зимски пневматик во асортиманот на компанијата Nokian Tyres.     Максимална тракција на снег – стоножна ламела   Со средната област доминира цврсто издолжено ребро кое е составено од блокови на површина која гази по подлогата со испакнати жлебови кои потсетуваат на траги од стоногалка. Наредената тродимензионална стоножна ламела обезбедува максимална површина на контакт и функционира со полн ефект под различни агли на свртување, зголемување на тракција на снег и лапавица и подобрена контрола. Тракцијата останува цврста и логична. Возачот може да го осети ограничувањето на тракцијата што овозможува брзо избегнување на препреки на патиштата кои се лизгави заради снег или лапавици. Реброто исто така има  врски на краевите на блоковите што го ограничува нивното движење.  Со тоа се намалува отпорот на триењето, што за возврат ја подобрува ефикасноста и потрошувачката на гориво и отпорноста на корозија, вели Сепеле. Внатрешниот слој има шара на реброто која личи на лепеза, со функционални блокови на површината која гази по подлогата и остри канали кои ефикасно го спроведуваат снегот подалеку од контактните површини. Жлебовите кои се подредени под различни агли обезбедуваат ефикасна надолжна тракција и особено квалитетна тракција при забрзување на снег. Широките надолжни канали даваат странична тракција. Одличната зимска тракција уште повеќе е подобрена со шарите на блоковите на површина која гази по подлогата, обликувани на страната на внатрешниот слој на средното ребро. Тие се делумно опремени со спони и жлебови. Малите густо наредени блокови се избраздени на тој начин што нивните жлебови се наредени наизменично на лево и на десно.   Повеќе безбедност во зима, одлично управување   Страничните блокови на овој шампион во тракција имаат јака и густа ламела која е прилагодена за секој блок површина која гази директно на подлогата и се спушта од средината кон страните.   Прецизниот дизајн ја подобрува тракцијата на снег како и чувството за контрола при возењето во кривини и промена на лента. Блоковите на површина која гази по подлогата се исто така поддржани со моќни издигнати канали, кои ја зголемуваат крутоста и го подобруваат управувањето, вели Сепеле. Рабовите на издолжените канали на пневматикот Nokian WR A4, лојален извршител на тркалање во секакви зимски услови, имаат канџи за снег кои ја подобруваат надолжната тракција особено на снег. Тестовите покажуваат дека пневматикот Nokian WR A4 обезбедува првокласна тракција и управување на суви и влажни патишта. Најголемото унапредување се постигнува на снег, кога тракцијата и управувањето се подобруваат за повеќе од 5% во споредба со пневматикот Nokian WR A3.     Ефикасно спречување на аквапланинг – Coanda технологија   Водата е исто така вообичаен елемент на патиштата низ Централна и Источна Европа. Нерамнините на патот особено го зголемуваат ризикот од аквапланинг. Новата Coanda технологија го намалува ризикот од аквапланинг. На рабовите на блоковите на површината која гази по подлогата, и тоа на надворешниот слој на пневматикот Nokian WR A4 е конструиран елемент кој овозможува ефикасно спроведување на текот на водата во попречни канали. Отстранувањето на водата и лапавицата се забрзува со полираните надолжни канали – и за прв пат со попречните полирани канали, кои исто така го забрзуваат цедењето на водата.   Гумена смеса Performance Traction Silica која обезбедува соодветна тракција   Смесата од која е направена површината која гази на подлогата е комбинација на гумена смеса од типот Nokian Hakkapeliitta, дизајнирана за студени северни зими и смеса на база на силикон кој обезбедува одлични перформанси во поблаги временски услови. Крајниот резултат е гумена смеса Performance Traction Silica, потполно нов дизајн кој содржи функционални еластомери, природна гума, силика и масло од канола и обезбедува врвна функционалност за тракција на снег и влажна подлога. Природната гума и маслото од канола во оваа единствена смеса, која е оптимизирана за спортско возење, гарантираат дека извонредната тракција во зимски услови ќе остане непроменета дури и кога ќе дојде до промена на температурата по многу изминати километри. Лесно тркалачката шара на површинскиот слој и високотехнолошката зимска смеса може да се осетат во висока отпорност на абење и заштеда во потрошувачката на гориво. Nokian WR A4 постигнува значително низок отпор на триење, подобра економичност во потрошувачката на гориво и пониска емисија на отровни гасови во споредба со нејзините традиционални конкуренти.     Удобно и тивко возење   Покрај безбедноста, удобноста е уште еден важен елемент кој се чувствува во текот на возењето. Технологијата Silent Sidewell ја зголемува удобноста во возењето. Специјално прилагодената гумена смеса помеѓу страниците и газечката површина активно ја пригушува бучавата и вибрациите кои доаѓаат од возната површина, со што спречуваат понатамошно пренесување на штетни звучни бранови кои го иритираат човечкиот слух. Исто така е развиена посебна гумена смеса која е наменета за површината на лежиштето околу пневматикот Nokian WR A4. Тоа исто така служи за намалување на бучавата во внатрешноста на возилото и за пригушување на вибрациите на пневматикот.     Индикатор на подобра безбедност во зима и удобност во возењето   Добрите пневматици се предуслов за пријатно зимско возење. На газечката површина се наоѓа индикатор за безбедно возење (DSI) која го разви и патентираше компанијата Nokia Tyres со што се унапредува безбедноста во зима, кој го има и симболот на  снегулка која е индикатор за безбедно возење во зима (WSI). Дополнителните полиња во делот на информации од страниците ја подобруваат безбедноста и удобноста. Во случај на замена на пневматици, ова поле може да се користи за да се забележи нивото на притисок во пневматиците, место за нивно вградување како и точка на затегнување на новото тркало. Правилниот притисок на пневматиците го прави управувањето прецизно, го намалува оштетувањето на пневматиците и штеди гориво.   Фотографии од продуктите: www.nokiantyres.com/NokianWRA4   Видео: https://youtu.be/XhxQRgdxWiA   Тестирање во екстремни услови www.nokiantyres.com/innovation/testing/   Тестирање во Ивало центар за тестирање -  White Hell - http://youtu.be/UEGUTw7KHxE   World's first winter tyre with pop-out studs - www.nokiantyres.com/company/news-article/nokian-tyres-the-world-s-first-nonstudded-winter-tyre-with-studs/   Nokian Hakkapeliitta 8: World record for the fastest car on ice, 335.713 km/h: - www.nokiantyres.com/innovation/testing/fastest-on-ice/fastest-on-ice-2013/ Како беше произведена првата зимска гума? - www.nokiantyres.com/first-winter-tyres        

Ексклузивно - новата Continental WinterContact TS860

14.10.2016 15:07:57

Continental ги претставува новите зимски пневматици WinterContact TS 860 на Македонскиот пазар Оваа зима познатиот светски премиум производител на пневматици Continental на нашиот пазар ги претставува новите зимски пневматици WinterContact TS 860. создадени за компактни возила и за возила од средната класа вистински прилагодливи на сув, на влажен зимски коловоз како и на замрзнат коловоз покриен со снежна покривка. Претходникот во генерацијата зимски пневматици ContiWinterContact TS 850 во изминативе четири години, во конкуренцијата од 47 производители се докажа како најдобар во сите тестирања спроведени од European trade press, автомобилските клубови и организации на консументи со што стана најуспешен зимски пневматик создаден од  Continental  до сега. WinterContact TS 860 се најавува како негов ексклузивен наследник, пневматик создаден по најнова технологија, вистински прилагодлив на сув, влажен, замрзнат и снежен коловоз обезбедувајќи сигурен и постојан притисок на патот. Зимите во централна Европа се главно ладни и влажни со десет врнежливи денови во текот на еден месец во периодот од октомври до март. Со температури околу 0 степени целзиусови, тоа значи зголемен ризик од замрзнати патишта кои се многу чест причинител за сообраќајни несреќи. Затоа спецификациите на новите WinterContact TS 860 се фокусираат да обезбедат максимална безбедност особено на влажни и замрзнати коловози. Новите зимски пневматици WinterContact TS 860 се наменети за употреба во Централна и Западна Европа. Кај нас ќе бидат достапни за продажба од оваа есен, со триесет и шест артикли во дваесет и една величина со дијаметар од четиринаесет до седумнаесет инчи, и со најава за дополнителни  дваесетина модели кои е планирано да влезат во производство во текот на 2017 година. Со лансирањето на WinterContact TS 860, Continental лансира нов зимски специјалист за компактни возила и за возила од средната класа. Во поглед на безбедноста новите пневматици носат вистински прогрес: нивните перформанси за време на сопирање на влажни зимски патишта  се за дури 5 % подобри од нивниот претходник ContiWinterContact TS 850; растојанијата на сопирање се за 4% пократки на мраз; има значителни подобрувања на квалитетот на управување и возење во услови на снег; километражата и отпорот на триењето се рамо до рамо со успешниот претходник. EU Tire Label ги оценува новите пневматици на Continental со рејтинг C за отпорот на триење и со рејтинг B за справувањето со влажни патишта. Што значи дека од следната есен, овие зимски гуми за компактни возила и за возила од средната класа постепено ќе ги заменуваат исклучително успешните ContiWinterContact TS 850. Во рамки на глобалната ситуација на пазарот за производство на компактни и возила од средна класа Continental гледа добра иднина за своите нови зимски пневматици. Имено додека побарувачката за 14-инчни пневматици опаѓа, а европскиот пазар за 15-инчни достигна до околу 20 милиони единици, Continental очекува зголемување на побарувачката за 16 и 17 инчни пневматици во текот на следните неколку години. Continental AG Continental развива интелигентни технологии за транспорт на луѓе и добра. Како професионален партнер од доверба, овој меѓународен автомобилски добавувач, производител на гуми и индустриски партнер обезбедува одржливи, безбедни, удобни, и достапни решенија. Во 2014 година корпорацијата оствари продажба од приближно  €34.5 билиони во своите пет дивизии Tires, Chassis & Safety, Interior, Powertrain, and ContiTech. Continental вработува 208,000 луѓе во 53 земји.  www.continental-corporation.de   Tire Division Tire Division моментално има 24 локации за производство и развој низ целиот свет. Постојаното инвестирање во оваа дивизија дава особен придонес во развојот на штедлива, ефективна и еколошки ефикасна мобилност. Како еден од предводниците во светското производство на пневматици со повеќе од  47,000 вработени оваа дивизија достигна продажба од €9.8 милијарди во 2014 година.  www.continental-reifen.de   Passenger and Light Truck Tires Continental е еден од водечките производители на пневматици за патнички и лесни возила во Европа и четвртиот најголем оригинален производител на патнички пневматици во светот. Развојот на продукти е фокусиран кон подобрување на сите безбедносни карактеристики со симултано намалување на отпорот на триењето.  

ALTIMAX A/S 365 - Супериорни перформанси за сите сезони

30.09.2016 14:12:10

Супериорни перформанси за сите сезони Светски познатиот бренд General Tire ви ја претставува својата најнова гума за сите сезони. Возете безбедно во зима и лето без да се грижите за временските услови:   ✓ Одлична тракција и подобрено растојание на кочење на суво ✓ Заштита од појава на аквапланинг ✓ Стабилно управување на снег   Новата ALTIMAX A/S 365 e eдна од ретките гуми во својата класа која има 3PMSF ( three-peak-mountain with snowflake) сертификат и ознака за тестирани и потврдени одлични перформанси во најекстремните зимски услови (снег, мраз и лизгави коловози).   Одлична тракција и подобрено растојание на кочење на суво Цврстите симетрично распределени блокови на гумата со лонгитудинална поставеност овозможуваат подобрена сила на влечење во било која насока на движење. Истовремено го намалуваат и растојанието на кочење на сувите патишта.   Заштита од појава на аквапланинг Широките странични бразди помеѓу блоковите ефективно ја распределуваат водата од целата гума. Резултатот е стабилно управување на влажни патишта и превенција од појава на водено лизгање.   Стабилно управување на снег Блоковите и браздите поставени во средината на гумата со своите многубројни рапави краеви ја прават гумата екстремно флексибилна. Ова допринесува до одличен зафат на површината во услови на снег, мраз и лизгави коловози.  

Тројца среќни фанови ќе патуваат на трка со ИЏЕ во Имола, ИТАЛИЈА

16.09.2016 10:12:30

Мотоцентар ве носи на трката на Игор Стефановски – Иџе во Имола Италија во недела на 02.10.2016. Почуствувајте ја вистинската трка во живо и бодрете го нашиот македонски и европски шампион. Мотоцентар подарува 3 пакет аранжмани за патување до Италија во периодот од 29ти септември – 03ти октомври 2016, со вклучен автобуски превоз и сместување + 3 карти за трката на автодромот Enco i Dino Ferrari во Имола. Повеќе информации за патувањето можете да најдете подолу.   Се што треба да направите е да: ја лајкнете нашата Facebook страна @Motocentar.mk да го лајкнете и споделите постот во коментар на постот да напишете порака до Иџе – поздравете го или посакајте му среќа на трката   Трите пораки со најмногу лајкови ќе бидат добитниците на патувањето до Италија. Среќните добитници ќе бидат објавени на 26 септември 2016 на нашата Facebook страна, и дополнително ќе бидат контактирани со директна порака.   Општи услови за патувањето: Добитниците мора да се на возраст над 18 години Добитниците мораат да имаат валидна патна исправа Доколку одбраните лица ни ги исполнуваат условите ќе се направи дополнителен избор.   Лајкнете не и следете не! Среќно! Мотоцентар – Прв избор за гуми   Информации за патувањето СКОПЈЕ -  ФАЕНЗА - ИМОЛА - СКОПЈЕ   1 ден, (29.09.2016 – четврток), СКОПЈЕ-ФАЕНЗА Тргнување на групата во 17.30 часот од пред хотел „Вип“. Патуваме преку Табановце и дневно и ноќно возење низ Србија, Хрватска и Словенија со попатни паузи за одмор и царински формалности. 2 ден, (30.09.2016-петок), ФАЕНЗА Пристигнување во Фаенза во пладневните часови. Сместување во хотел. Слободно време за одмор и индивидуални активности. Ноќевање. 3 ден, (01.10.2016 – сабота), ФАЕНЗА Појадок. По појадокот можност за факултативна посета на Римини и Сан Марино. Попладнето враќање во Фаенза. Вечерта можност за факултативна посета на национален ресторан. Ноќевање. 4 ден, (02.10.2016 – недела), Појадок. После појадокот, одјавување од хотелот и упатување на групата кон автодромот Enco i Dino Ferrari во Имола. Пратење на трката и бодрење на нашиот шампион Игор Стефановски – Иџе. По завршување на трката, слободно време за индивидуални прошетки низ Имола. Во попладневните часови заминување за Скопје. 5 ден, (03.10.2016 – понеделник), Пристигнување во Скопје во утринските часови.